
Четири лица се спасени, но има и исчезнати откако свлечиште ја однесе нивната мала станбена зграда во јужниот регион Тичино, каде имаше обилни дождови, соопшти денеска полицијата.
Регионалната полиција наведе дека едно од бројните свлечишта кои се покренале во поплавената област во текот на ноќта однеле трикатна станбена зграда во Давеско-Сорањ, недалеку од Лугано.
Три лица се спасени и префрлени во болница со полесни повреди.
Полицијата не соопшти уште колку луѓе биле во зградата во тој момент, но швајцарски медиуми јавуваат дека се верува оти четири лица исчезнале.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


