Во еден од двата дома на парламентот, Народното собрание кое брои три илјади делегати има дури 31 милијардер. Најбогат меѓу нив, воедно е и најбогатиот Кинез, Чонг Кингхоу, сопственик на компанија за безалкохолни и млечни напитоци “Вахаха” чие богатство се проценува на 12,5 милијарди долари.
Во вториот дом од парламентот, Се-кинескиот народен политички консултативен совет, од 2.200 делегати, 52 се милијардери. Трите најбогати членови на овој комитет се деца на тајкунот Ли Ка Шинга, челник на хонконгшкиот конгломерат, Хачинсон Вампоа, осми на листата на најбогатите на Форбс и воедно најбогатиот човек во Азија со богатство од околу 32 милијарди долари.
Според проценките на кинескиот весник “Харун”, само минатата година најбогатите кинески пратеници заработиле повеќе отколку заедничката заработка на 535 членови на американскиот Конгрес, претседателот на САД, неговиот кабинет и девет судии на Врховниот суд.
Член на кинескиот парламент е и најбогатата Кинескиња, претседателката на “лонгфор пропертис”, Ву Јахун, чие богатство се проценува на 6,6 милијарди долари.
Меѓу милијардерите во кинескиот парламент е и Ли Гванџи, кој богатството од 3,1 милијарди долари го стекнал со производство и продажба на авто делови.
Американските пратеници се помалку имотни во однос на нивните колеги од Кина, иако половина од нив се милионери. Најбогатиот претставник во американскиот Конгрес е Дерет Ису, републиканец од Калифорнија, чие богатство е проценето на 700 милиони долари.
Во составувањето на листата на најбогатите луѓе на земјата, Харун ги користи исклучиво јавните извори на информации. Високото раководство на Кина, вклучувајќи го и претседателот и генералниот секретар на Комунистичката партија Хуа Џинтао, и премиерот Вен Џабаоа, не објавува податоци за своите примања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ситуацијата е алармантна и треба да се реагира: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата поднесоа Информација за енормното загадување на воздухот
-
Кина најпосакувана туристичка дестинација во наредното десетлетие
-
Српските пратеници во иднина не ќе можат да преминуваат во други партии
-
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ до Собранието доставија предлог за формирање Анкетна комисија


