| четврток, 6 декември 2018 |

Лејди Гага ќе ги запали светилките на елката во Рокфелер центарот во Њујорк

APTOPIX Rockefeller Center Tree

Пејачката Лејди Гага ќе ги запали светилките на елката во Рокфелер центарот во Њујорк.

– Да ги запалам светилките на елката, заедно со мојот пријател Тони Бенет е подарок за кој само сум сонувала. Јас сум најсреќната девојка во Њујорк – споделила пејачката на „Твитер“.

leidi-gaga-145147-500x334

Лејди Гага призна дека нема трпение да дојде време за тој специјален момент, додавајќи дека тоа е нејзиниот детски сон.

– Сонувам за тоа уште од дете. Сонував да пеам кога се палат светилките на елката во Рокфелер центар. Секоја година сакав да бидам таму со топло какао – рекла Гага.

Божиќната елка во Рокфелер центарот се смета за симбол на празникот во Њујорк. Прв пат оваа година, за време на церемонијата на палење на светилките, ќе има настапи во живо на светски ѕвезди, а на 7 јануари светилките ќе бидат изгаснати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top