| четврток, 6 декември 2018 |

Франција бара заштеда на 5 милијарди евра

_FRANCE“Треба да определиме нови мерки, со кои ќе заштедиме пет милијарди евра во државниот буџет за 2014 година“ смета францускиот премиер Жан-Марк Еро.

Според него, овие заштеди ќе и овозможат на државата да ги реконструира државните финансии со што ќе биде обезбедено финансирање на веќе договорени мерки како што се зајакнување на конкурентноста на компаниите. Намалување на невработеноста, како и зголемување на социјалната помош за сиромашното население.

Досега Владата се однесуваше неволно кон идејата за отпуштања и сакаше да ги изедначи трошоците и приходите во буџетот преку зголемување на даноците, забалежуваат францускиоте медиуми
“Денес владата најмногу е фокусирана на активности за контролирање на буџетските трошоци”, рече Жан-Марк Еро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top