ктивностите на Русија во источна Украина се неприфатливи и може да доведат до воведување нови санкции од страна на САД и Европската унија, предупреди денеска британскиот премиер Дејвид Камерон.
– Се уште се надевам дека Русите ќе го слушаат гласот на разумот и ќе признаат дека треба да и дозволат на Украина да се развива како независна и слободна земја со право на слободен избор, рече Камерон на прес-конференција во Канбера.
Тој истакна дека доколку Русија преземе позивитни и одговорни чекори во однос на слободата на Украина тие санкции би можеле да бидат укинати, а доколку земјата продолжи да ја влошува ситуацијата, тогаш санкциите може да се зголемат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.