Пушачите наскоро не ќе може да пушат во своите автомобили ако во него се возат и лица помлади од 18 години. Законот во Англија се очекува во декември, а ќе важи од следната година.
Казна за патник за палење цигара во автомобил ќе чини 1000 евра. Затоа пак доколку возач пуши во автомобил казната ќе му биде 13 илјади евра.
Сепак тоа се казни за на суд. Доколку веднаш прифатат да платат, казната изнесува околу 70 евра. Законското решение го поддржаа околу 80 проценти од возрасните испитаници и околу 65 проценти од пушачите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.