Во Бразил почна судски процес против три лица кои се обвинети дека убиле најмалку две лица, по што делови од нив ги изеле, а со остатокот полнеле бели печива за продавање.
Во настанот кој го запрепасти светот, а многу потсетува на приказната за „Берберот Свини Тод“, се вплеткани маж жена и неговата љубовница уапсени пред две години. Според полицијата, тие ги признале злосторствата. Жртвите ги намамувале со ветување дека вработуваат дадилки.
Полицијата пронашла човечки останки најмалку од две жени во дворот на нивната куќа. При апсењето, канибалите рекле дека припаѓаат на секта која проповеда 2прочистување на светот и смалување на популацијата“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.