| четврток, 6 декември 2018 |

Се продава билетот до Шешељ „искористен е само еднаш“

авионска картаПо 12 години во хашкиот притвор, обвинетиот Воислав Шешељ се врати во Белград, Србија. Набрзо на интернет беше ставен на продажба авиобилетот со бројот на седиште до оној на Шешељ. Српските медиуми велат дека неговото враќање е проследено „со малку бизарна медиска помпа“, како во Србија така и во странство, па ваквиот бизнис- чекор и не е за изненадување. Вредноста на билетот е 1000 српски динари.

Билетот е опишан како „исконски артефакт кој со нетрпение чека да стигне в раце на пасиониран колекционер. Билетот е во одлична состојба, само еднаш помината низ читачот на кодови, а потоа чувана во торбичка од еленска кожа, за да се зачува од УВ и други видови на зрачења“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top