| четврток, 6 декември 2018 |

МРТ ја поддржува акцијата на МВР

Јавниот сервис ја поздравува превземената акција на МВР за откривање и јавно обелоденување на сите нелегитимни дејствија кои се обидоа да фрлат сенка на вчерашниот Фестивал

Skopski festival 2014 (34) (Custom)Македонската Радио Телевизија по вчерашното издание на најреномираниот музички фестивал во Р. Македонија, Фестивалот на Забавни Мелодии Скопје 2014, ја информира јавноста дека Јавниот Сервис, согласно своето долгогодишно искуство, како на домашна, така и на меѓународна сцена, по однос на организација и реализација на Фестивали од различен карактер, на најдоследен и најдоблесен начин им овозможи рамноправно учество на сите изведувачи на синоќешното издание на Скопскиот Фестивал. Јавниот сервис ја поздравува превземената акција на Министерството за Внатрешни работи, со цел откривање и јавно обелоденување на сите нелегитимни дејствија, организаирани од групи и поединци, кои се обидоа да фрлат сенка на Фестивалот и долги години, истите или сличните манупилираат со крајните резултати на Фестивалите во Р. Македонија.

МРТ како главен креатор и носител на македонската музичка сцена, со цел афирмација на македонската забавна и народна музика, излезе во пресрет на македонските граѓани и гласачи намалувајќи ја цената на СМС пораките на 5, 9 денари со вкалкулиран ДДВ и гласање од 1 телефонски број, со еден смс, за една композиција, со цел на легитимен начин да се изведе гласањето.

Покрај граѓаните на Македонија исто така и Јавниот Сервис сиве овие години беше заложник на ваквата организирана манипулација која создаде негативна атмосфера и и нанесе голем удар на македонската забавна и народна музика. Чекајќи го крајниот резултат и детален извештај од Министерството за Внатрешни Работи, по однос на спроведената истрага, МРТ, уште еднаш ќе направи анализа на синоќешното телефонско гласање, со што дополнително ќе ја извести јавноста за своите идни постапки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top