| четврток, 6 декември 2018 |

БРУТАЛНО: Девојчиња во Кенија сѐ уште се обрежуваат

obrezuvanje

Иако обрежувањето е со закон забрането во Кенија, тоа и понатаму се применува во некои села во оваа земја. Тоа што го доживуваат девојките ја преминува границата.

Тие што го поддржуваат обрежувањето тврдат дека со тоа девојките се подготвуваат за мажење и на тој начин станувале поубави. Според податоците на Обединетите нации, повеќе од една четврина од девојките и од жените се соочиле со практиката за обрежување.

Властите во Кенија се обидуваат да ја спречат оваа практика, но традицијата е посилна.

Болката што ја трпат девојчињата за време на обрежувањето е толку силна што повеќето од нив паѓаат во несвест. Со обрежувањето им го сечат клиторисот на девојките и дел од внатрешната вагина и тоа со цел за да се намали сексуалната желба кај жената, а како алат користат сѐ, од стакло до ножеви.

obrezuvanje na devojcinja

Според податоците на Обединетите нации, во светот ова го имаат доживеано околу 125 милиони жени во 29 земји во Африка и на Блискиот Исток.

Законот во Кенија предвидува доживотна казна затвор доколку девојчето почине за време на обрежувањето. Моментално се истражуваат околу 50 вакви случаи.

Девојчињата што го преживуваат обрежувањето подоцна на породување се соочуваат со многубројни компликации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top