Неодамна, Ева Херцигова предизвика воздишки од воодушевување на фотографиите на кои позира гола само во потпетици на дизајнерот Brian Atwood, а сега можеме да уживаме во видеото во кое се соблече до крај.
Сексипилната девојка од Чешка која во нејзините 40-ти години се уште привлекува внимание од насловните страници на магазините, блесна во провокативна реклама во која нагрната само во проѕирна наметка со високи потпетици влегува во базен. Мајката на две деца во оваа реклама за чевли ја глуми Мерлин Монро, а всушност се работи за сцена од недовршениот филм “Something`s Got To Give”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.