Скандалозен телефонски разговор за Сирија, помеѓу претседателите на Турција и Русија, објавува „Moscow times“.
Реџеп Таип Ердоган во телефонски разговор жестоко му се обратил на Владимир Путин, дека Турција повеќе не може да биде рамнодушна кон масовното уништување на луѓе во арапската земјата која е зафатена од војна. На чудење на Ердоган, Путин побеснел и категорично го предупредил турскиот претседател,во иднина да не се меша во внатрешните работи на Сирија, бидејќи во спротивно Русија е подготвена да ја спречи Турција да разгори катастрофална војна во регионот.
Потресениот Ердоган го прашал Путин дали тоа значи директна закана за Турција, на што рускиот претседател одговорил: „Господине претседател, можете да ги толкува моите зборови како сакате“. Рускиот претседател го потсетил Ердоган за горчливите факти од погрешната и агресивна политика на Турција во однос на кризата во Сирија, која придонела за смртта на десетици илјади невини граѓани. Путин го повика турскиот претседател да се воздржи од поддршка на терористите-џихадисти, кои создадоа кампови и безбедносни зони на територијата на Турција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.