| четврток, 6 декември 2018 |

Отворена првата градинка во Дојран

stamov-spasov
Дојран денеска ја доби првата градинка. Отворена е градинката „Кокиче“ со капацитет за згрижување до 50 деца.
На отворањето присуствуваа министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и градоначалникот на општина Дојран, Борче Стамов.
Општина Дојран до сега воопшто немаше градинка. Пренамената на поранешното детско одморалиште во градинка чинеше пет милиони денари.
-Пред година и половина, кога бевме во посета на општина Дојран го посетивме и овој објект кој што порано бил детско одморалиште и беше значително во  руинирана состојба и немаше никаква употреблива вредност. Заедно со градоначалникот на општина Дојран се договоривме Министерството за труд и социјална политика во наредниот период да инвестира, истото ветување им го дадовме и на граѓаните и практично од еден руиниран објект денес ова претставува еден модерен и современ објкт кој што ги исполнува сите стандарди – рече Спасов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top