Дојран денеска ја доби првата градинка. Отворена е градинката „Кокиче“ со капацитет за згрижување до 50 деца.
На отворањето присуствуваа министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и градоначалникот на општина Дојран, Борче Стамов.
Општина Дојран до сега воопшто немаше градинка. Пренамената на поранешното детско одморалиште во градинка чинеше пет милиони денари.
-Пред година и половина, кога бевме во посета на општина Дојран го посетивме и овој објект кој што порано бил детско одморалиште и беше значително во руинирана состојба и немаше никаква употреблива вредност. Заедно со градоначалникот на општина Дојран се договоривме Министерството за труд и социјална политика во наредниот период да инвестира, истото ветување им го дадовме и на граѓаните и практично од еден руиниран објект денес ова претставува еден модерен и современ објкт кој што ги исполнува сите стандарди – рече Спасов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Скандал во градинка: Учителка со сила брка и влече дете по под (видео)
-
Драма во градинка во Прилеп: Вработена физички нападната од сопруг на колешка
-
Родителите и негувателките дале изјави за настанот во градинката „Буба Мара“
-
Избегнат поголем инцидент во скопска градинка: Извадиле пиштол и нож спремни за пресметка