Хенри Ли Џексон, познат под псевдонимот Биг Банк Хенк, од рап групата „Sugarhill Gang“ починал на 57годишна возраст, соопштува музичкото и поп списанието „Rolling Stone“.
Тој е автор на првиот хит во историјата на хип- хоп музиката. Во 1979 година групата го снима својот деби сингл „Rapper’s Delight“. Џексон починал од рак, на 11 ноември во болница во Њу Џерси. Ова го соопштил бизнис менаџерот на сите членови на групата „Sugarhill Gang“ .
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.