Иако има совршено тело, Селма Хаек (48), тврди дека никогаш не оди во теретана.
За убаво обликување на своето тело, наместо со саати да се поти на справи за трчање, глумицата ја комбинира јогата со пилатесот. Исто така многу внимава на начинот на исхрана.
Ако сакате струк како на Селма Хаек пробајте ја оваа вежба:
Застанете право, а стапалата раширете ги во линија со рамениците. Во секоја рака држете шише со вода, наместо тегови. Дигајте ги рацете се додека не ви дојдат право над главата, а потоа во таа положба свиткајте се од струкот на лево и десно, користејќи ги стомачните мускули.
Вратете се полека во почетната положба, а вежбата повторете ја по 12 пати на секоја страна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.