Кавгите се составен дел од секоја врска, но многу е тешко да се направи разлика дали тие кавги се здрави или нездрави.
Постојат два вида кавги: конструктивни – оние кои на двојките им помагаат да ги разјаснат некои работи, да ги решат проблемите и дополнително да ја зајакнат врската, и оние деструктивните, кои го уништуваат вашиот однос. Вашите кавги се нездрави ако
Не се слушате еден со друг
Комуникацијата е темел на здравиот однос и решавање на конфликти. Тоа е причина зошто би требало меѓусебно да се слушате еден со друг. Доколу занемарувате што ви зборува партнерот и усмерувате внимание на својата верзија од приказната, тоа значи дека не ви е важно неговото мислење ниту па неговите чувства, а тоа негативно делува на вашиот однос и обратно.
Желба за победа
Постојаната желба за победа во кавгата е еден од најочигледните показатели на нездрава расправија. Таа потреба со себе носи агресивно докажување, поради кое партнерот со право се чувствува нападнато и се чувствува дека не е почитуван и ви враќа со иста мера.
Бес
Бесот е деструктивна емоција, која повеќе штети отколку што ви користи. Кога ќе почувствувате бес, оддалечете се и вдишете длабоко повеќе пати. Така единствено ќе спречите од вашата уста да излезе нешто за кое подоцна ќе се каете. Обидете се да се фокусирате на предметот на расправата конструктивно да се реши проблемот и избегнувајте зборови кои ќе го повредат вашиот партнер.
Исти работи
Доколку секогаш се расправате за истите работи, значи дека проблемот никогаш не сте го решиле до крај. Уште ако и тие кавги често се повторуваат, многу е веројатно дека двајцата сте уморни од слушање на едни исти аргументи, а тоа може да биде и тоа како ризично за вашиот однос.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.