Денеска напладне свечено ќе биде отворена новореновираната библиотека „Јане Сандански“ во општина Аеродром. Библиотеката е целосно реновирана, сменета е електричната инсталација, опремена е со нови плици за книги, екстерно и ентериерно е освежена и преуредена со нов мебел, прозорци, врати итн.
Ова реновирање е дел од низата активности кои, со помош на Град Скопје, ги презема ЈП Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ , а следува по големите активности за реновирање и отворањето на Спомен Собата на Миладиновци, набавување на најмодерна опрема за автоматско зачленување- Кобис, и секако издавањето на капиталното издание на Зборникот на Миладиновци на албански јазик.
На свеченото отворање на библиотеката ќе присуствува делегација на Град Скопје предводена од градоначалникот Коце Трајановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Потребата од дигитализација во 21 век-тема за панел дискусија во библиотеката „Браќа Миладиновци“
-
Детскиот оддел во градската библиотека во Прилеп ќе добие нов лик
-
Борбата за титулата се разгорува, двајцата тренери најавуваат беспоштедна битка на теренот!
-
Нападнато лице на паркинг на булеварот „Јане Сандански“