
По два месеци од донесувањето на законот за геј бракови во Хрватска падна и третиот во кој едниот од младите е Македонец. Бракот бил склучен во Сплит, а како брачни партнери се јавуваат Хрват и момче од Скопје.
Присутните гости на свадбата рекле дека била многу весела со Македонска музика ора и чочеци:
„Беше многу весело,се запеаа и заиграа и македонски ора,музика однесовме и од Скопје.Беше супер. Си разменија прстени и се венчаа во матичното во Сплит“ – рекол соговорник за некои од македонските медиуми.
Парот се запознал на брод каде заедно работеле, кога Скопјанецот кажал на своите дека ќе се жени тие мислеле дека се работи за неговата девојка со која бил тој во врска пред да замине на брод, но следувал голем шок…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


