Лидерите на Исламската држава (ИД) одлучиле да пуштат сопствена валута, пишува британскиот весник „Дејли мејл“.
Џихадистите планираат монетите, кои ќе се викаат динар, да бидат направени од чисто злато и сребро. Како пример, раководството на екстремистите ја земало монетата на еден од првите наследници на креаторите на светската религија, пророкот Мухамед – калифот Осман. Владетелот од почетокот на 7 век пуштил во промет златен исламски динар со тежина 4,3 грама и сребрен дирхам од 3 грама. Паричните знаци на идентификацијата ќе се користат во областите контролираните од исламистите во Ирак и во Сирија.
Плановите за создавање нова валута се базираат на профитот на ИД од продажбата на нафта од сондите контролирани од екстремистите, од рекетирање, банкарски грабежи и откупи за киднапирања.
Екстремистите секој ден од трговијата со течни горива добиваат 2 милиона долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонец подготвувал терористички напад во името на Исламската држава во Италија
-
Голема акција на турската полиција, уапсени 23 лица: Терористите спремале „сензационален напад”
-
Знакот за доларот, симбол на моќ. Но, чија моќ?
-
Приходите на ИД од продажбата на нафта за две години се намалија за 90 отсто