Рускиот претседател Владимир Путин се покажа како вистински кавалер кога на свечената вечера својот шал ѝ го подари на првата дама на Кина, Пенг Лијуан.
Додека кинескиот претседател Сји Џинпинг разговараше со претседателот на САД, Барак Обама, првата дама на Кина разговараше со Путин.
На самитот на азиско-пацифичката економска соработка во Пекинг присустувале лидери на 21 земја.
Путин забележал дека на првата дама на Кина ѝ станало студено, па ѝ го префрлил шалот преку раменици. Овој момент го забележале камерите на кинеската државна телевизија и многубројните фоторепортери.
Снимката предизвика голема внимание на социјалните мрежи, но по неколку часа тој едноставно исчезна од информативните веб-сајтови.
Своите кавалерски манири Путин ги покажа лани во Санкт Петербург кога со ќебе ја нагрна германската канцеларка Ангела Меркел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.