Бојата на очите е една од особините која ја наследуваме од своите роднини. Но освен што го красат нашиот поглед, овој детал може многу работи да открие за вас и вашиот карактер.
Кафени очи
Кафената е најчеста боја на очи во светот. Луѓето со кафени очи се самоуверени и интересни. Станува збор за силна боја која што е поврзана со земјата и опишува едноставност, креативност и позитивност. Таквите личности се независни, лубезни и сакаат да создаваат нови пријателства. Сакаат да испробуваат нови работи во животот.
Иако се одлучни и самоуверени понекогаш имаат проблеми со разбирањето на другите и со изразувањето на своите чувства. Тие се прекрасни љубовници и партнери како и личности од доверба.
Очи боја лешник
Бојата лешник ја опишува прекрасната мешавина од кафена и зелена боја која едноставно го одзема здивот. Зборот кој што најдобро ја опишува личноста со оваа боја на очи е елеганција. Станува збор спонтани и интересни личности со авантуристички дух. Многу се прилагодливи и храби, сакаат разноликост, а монотонијата е нивен кошмар.
Сакаат да испробуваат нови работи и се многу привлечни личности. Што се однесува на љубовта, многу се сензуални, но и пребирливи, така да ќе ја одберат само онаа вистинската личност. Но имаат и една опасно особина, а тоа е избувливоста која понекогаш тешко ја држат под контрола.
Зелени очи
Зелените очи секогаш изгледаат свежо и заведувачки. Личностите кои ги краси оваа боја на очи се мистериозни и интелегентни. Ги краси интелегениција и снаодливост. Максимално уживаат во животот и со страст и пристапуваат на професијата која ги исполнува, но имаат една особина што и не е толку убава, а тоа е љубомората која што неможе да ја контролираат. Полни се со енергија и сочувство кон луѓето околу нив.
Сини очи
Има нешто многу моќно во сините очи, нешто што привлекува како магнет и поради тоа сините очи се сметаат за најпосакувани во светот. Личностите кои ги краси оваа боја на очи се многу паметни, срдечни и полни со живот. Овие личности уживаат во љубовта и најчесто имаат долги врски со партнерот, врска која што е полна со енергија.
Најсилна особина им е желбата и потребата да ги усреќуваат луѓето околу нив и секогаш се спремни тоа и да го исполнат. Синооките личности го забележуваат секој детал и можат да бидат критични и самокритични. Овие личности кога ќе се вљубат, за својата љубов се спремни се да сторат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.