Партијата на премиерот Арсениј Јацењук, „Народниот фронт“ на премиерот победи на парламентарните избори во Украина, освојувајќи 22,14 отсто од гласовите, соопшти синоќа украинската Централна изборна комисија по пребројувањето на сите гласачки ливчиња.
Блокот на Петро Порошенко освои 21,81 отсто од гласовите, пренесува ТАСС.
Партијата „Самопомош“ на градоначалникот на Лвов, Андреј Садовиј, освои 10,97 отсто од гласовите, Опозицискиот блок освои 9,43 отсто гласови, радикалната партија 7,44 отсто, а „Баткившчина“ на Јулија Тимошенко 5,68 отсто од гласовите.
Претседателот на Централната изборна комисија, Михаил Охендовски, синоќа соопшти дека „Народниот фронт“ ќе има 64 места во новиот украински Парламент, а Блокот на Петро Порошенко 63 места. „Самопомош“ треба да има 32 места, Опозицискиот блок 27, Радикалната партија 22, а „Баткившчина 17 места.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.