| четврток, 6 декември 2018 |

Венецуелската опозиција го бојкотира в.д. претседателот

cavez kovceg2Пратениците на главната опозициска коалиција во Венецуела „Тркалезна маса на демократското единство“ денеска изјавија дека нема да присуствуваат на полагањето заклетва пред парламентот на вицепретседателот Николас Мадуро како в.д. претседател на змејата, бидејќи според нив тоа е прекршување на уставот, пренесоа француските медиуми.

Во зградата на Воената академија во Каракас почна државниот погреб на починатиот пртседател Уго Чавес, сооппштија светските агенции. На траорната церемонија учествуваат делегации на високо ниво од 55 земји, а 32 од нив се предводени од шефови на држави, како кубанскиот лидер Раул Кастро и иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад.

Ковчегот со телото на Чавес, покриено со венецуелското знаме, беше изложен во центарот на почесниот салон на академијата. Во поклонувањето пред одарот на Чавес учествуваа десетици илјади луѓе, кои формираа редица од неколку километри. Церемонијата се пренесуваше од сите телевизии во земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top