| четврток, 6 декември 2018 |

Рама: Не би се лутел кога Вучиќ во Тирана би го кажал својот став за Косово

рама

Премиерот на Албанија, Еди Рама, рекол дека тој не би сметал дека е провокација кога Александар Вучиќ би го изнел ставот на Србија за Косово за време на некоја посета во главниот град на Албанија.

– Јас би се чувствувал пријатно, бидејќи гостинот би ја имал слободата да каже што и да сака – одговорил Рама за Асошиејтед прес на прашањето како би реагирал кога Вучиќ би го изнел ставот на Србија за Косово при некоја посета во Тирана.

Рама денеска во Белград изјави дека независноста на Косово е реалност што Србија мора да ја признае, на што неговиот домаќин Вучиќ рече дека не очекувал таква провокација.

Рама за АП рекол и дека прекинатиот фудбалски натпревар меѓу Србија и Албанија во Белград поради дронот со мапата на „голема Албанија“ и судирот меѓу играчите и навивачите што следуваше покажале колку се „осетливи и кревки“ односите меѓу двете земји.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top