| четврток, 6 декември 2018 |

Кремљ ја потврди кусата средба меѓу Путин и Обама во Пекинг

путин

Претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Барак Обама се поздравија денеска на маргините на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) во Пекинг, но немаа можност за посериозни разговори, изјави денеска портпаролот на Путин, Дмитриј Песков.

– Вистината е дека тие се поздравија, но немаа можност за посериозен разговор. Тоа беше кус контакт на маргините на самитот на АПЕК – изјави Песков во Пекинг.

Тој истакна дека Путин и Обама се поздравиле и размениле неколку зборови, како и дека двајцата претседатели веруваат дека следните неколку дена ќе имаат можност за кус разговор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top