| четврток, 6 декември 2018 |

Детски филмски фестивал „Кидс фест“ од 10 до 14 декември во „Милениум“ и „Синаплекс“

Првото издание на детскиот филмски фестивал Кидс фест кое ќе се одвива под мотото „Ајде да гледаме филмови“

detski filmski festival

Првото издание на детскиот филмски фестивал „Кидс фест“ ќе се одржи од 10 до 14 декември во скопските кина „Милениум“ и „Синапелкс“ и најмладите ќе имаат можност да гледаат интересни филмски премиери на анимирани, играни и документарни филмови од Америка, Франција, Белгија, Норвешка, Шведска, Данска и Хрватска.

Првото издание на детскиот филмски фестивал Кидс фест кое ќе се одвива под мотото „Ајде да гледаме филмови“.

Поголемиот дел од овие остварувања е прикажан на познатите светски фестивали на кинематографија за деца, а на „Кидс фест“ ќе се најдат синхронизирани на македонски јазик. Во кината најмладите посетители ги очекуваат и интересни работилници, игри и подароци.

На сите ни се познати супер хероите како Бетмен, Супермен и Спајдермен, но она што ќе го научиме од данскиот филм „Мравко“ е дека храброста не зависи од тоа дали си мал или голем, бидејќи хероите можат да бидат и деца и возрасни. Од Франција доаѓа трогателната приказна „Бела и Себастијан“ за шестгодишното момче и неговото пријателство со диво куче. Новиот документарен филм од францускиот режисер Лук Жан „Си беше еднаш една шума“ претставува не само омаж на величественоста на прашумите, туку и апел за нивна заштита од изумирање. Малата глувчица Селестин и сиромашното мече Ернест ќе успеат да ги надминат сите разлики и да изградат убаво пријателство во француско-белгискиот анимиран филм „Ернест и Селестин“ кој мината година беше номиниран за Оскар во категоријата за најдобар анимиран филм.

На репертоарот на кината ќе се најдат две норвешки остварувања за авантурите на најдобрите другари Каспер и Ема во која ги следат нивните најдобри плишани пријатели Зајчицата на Ема и Лавчето на Каспер. Кога снежната катастрофа се заканува да го уништи целото село во филмот „Солан и Лудвиг“ малиот еж Лудвиг ги надминува сите свои стравови за да ги спаси пријателите, селото и Божиќ. Дали честа на данската нација ќе може да ја спаси проблематичното трио, ќе дознаеме во филмот, „Олсен во голема неволја“. Се’ што е потребно е торба за ладење, чадор и две гуми за џвакање. Приказната на данскиот филм Рајско патување“ за малиот зајко Јохан кој не е доволно стар да ги разбира правилата на животот, а копнее за невозможни нешта, никого нема да остави рамнодушен.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top