| четврток, 6 декември 2018 |

Во продажба влезниците за концертот на Каролина

karolina

Влезниците за големото затворање на најуникатниот македонски проект „Македонско девојче“ со Каролина, кое ќе се случи на 13-ти декември во арената Борис Трајковски, од денес се пуштени во продажба.

Билетите по основна цена од 600 денари, како и ВИП Партер и ВИП Трибина со цена од 800 денари, можете да ги најдете преку продажната мрежа на КупиКартиЗаСе, Розе- Веро 2, Камарад, специјалното продажно место во Скопје Сити Мол и онлајн наwww.kupikartizase.com.

Арената Борис Трајковски, за оваа пригода ќе биде специјално адаптирана во комплетно седечка формација, во која и во партерот сите места ќе бидат за седење.

Со секоја купена влезница следува подарок ДВД од антологиските концерти во Македонската опера и балет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top