| четврток, 6 декември 2018 |

Омилената храна открива што му недостасува на вашиот организам

Дали сте личност која неможе да го замисли попладнето или вечерта без десерт? Или можеби ви е поважно во фрижидерот секогаш да имате солени намирници? Најновите истражувања говорат дека храната и вкусовите по кои најмногу посегнуваме всушност откриваат многу за нас.

slika hrana

Зачинети намирници

Доколку тешко се смирувате и често сте напнати, можно е вашиот организам да има потреба за зачинета храна, за добро да се испотите. Можеби ова на прв поглед ви се чини контрадикторно, но објаснува зошто, на пример, јадеме мексиканска храна дури и кога се температурите неподносливо високи. Некои истражувања покажуваат дека луѓето можат да станат зависни од зачинета храна. Таквата храна го зголемува крвниот притисок, го забрзува отчукувањето на срцето и дишењето. Некои луѓе уживаат во таквото чувство на возбудување.

Солени деликатеси

Доколку си мечтаете за нешто солено, можеби ви недостасуваат минерали. Истражувањата покажале дека исхраната сиромашна со калциум предизвикува желба за солена храна. Тоа најверојатно е затоа што натриумиот привремено го зголемува нивото на калциум во крвта кој што организмот го лаже дека проблемот е решен. Постои можност дека во организмот ви недостасува железо и калиум.

Љубов кон слатките

За чоколади и останатите слатки посегнуваме затоа што од тоа добро се чувствуваме. Чоколадото го потикнува испуштањето на серотонин – хормон заслужен за добро расположение. Слатките во еден дел имаат улога на антидепресив кој брзо делува. Проблемот е што брзо престанува тоа дејство, па организмот бара нова доза.

Желба и за благо и за солено

Доколку приметувате дека посакувате комбинација од благо и солено, знајте дека на организмот му недостасува гликоза и натриум. На организмот тоа му треба како би функсионирал нормално. Кога келиите ќе ја успорат својата функција, а организмот се умори, се јавува желба на пример комбинација од сладолед и пуканки.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top