Познатата италијанска актерка Софија Лорен, чија автобиографија овие денови предизвикува големо внимание, раскажала зошто не била доволно добра за Холивуд.
Легендарната глумица открила дека едно време била под голем притисок затоа што сметале дека не е доволно добра за Холивуд. Таа изјавила „Ми зборуваа дека имам предолг нос и премногу голема уста и под итно да одам на пластична операција, но сугестиите со гордост ги одбивав и водев битка со челниците на филмската индустрија“.
Софија, која неколку пати е прогласена за најубава жена на светот цврство верувала во природниот изглед, и никогаш не посакала да оди под нож.
„Мојата кариера како глумица сеуште не е готова“. Се надевам дека наскоро ќе добијам нова улога каде ќе можам во потполност да ја внесам мојата енергија и виталност“, изјавила осумдесетгодишната Софија.
Инаку нејзината автобиографија, светот со нетрпение ја очекува поради многубројните интересни детали од нејзиниот возбудлив живот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.