Младиот и талентиран фудбалер Бруклин Бекам, синот на Дејвид Бекам, го потпиша својот прв професионален договор со Арсенал.
Како што пренесуваат англиските медиуми, 15-годишниот Бруклин го импресионираше стручниот штаб на „Тобџиите“ на пробата и веднаш потоа потпиша договор со лондонскиот клуб до крајот на сезоната.
Бруклин последните неколку месеци се најде на мета на голем број англиски клубови, помеѓу останатите Манчестер Јунајтед, во
чиј дрес неговиот татко ја стекна славата, и Челзи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.