| четврток, 6 декември 2018 |

Едно од ретките холивудски семејства кои функционираат со децении

goldi houn kurt rasel i kejt hadson

Холивудската легенда Голди Хоун се појави на црвениот тепих со својата ќерка Кејт Хадсон и со својата долгогодишна љубов Курт Расел.

Триесетипетгодишната Кејт била и повеќе од расположена во друштво на својата мајка и својот очув на гала вечерта на организацијата „Бејби2Бејби“, која што ја организра Џесика Алба.

Голди Хоун инаку се има двапати мажено. Првиот пат за кореографот Гас Триконис, а потоа со Бил Хадсон со кој што ги има двете деца Оливер и Кејт Хадсон. Кејт е одамна позната глумица во Холивуд, а нејзиниот брат Оливер се прослави со улогата во серијата „Веридбени правила“.

Со колегата Курт Расел се во вонбрачна заедница од 1983 година, а двојката го има дваесетиосумгодишниот син Вајат Расел, поранешен играч на хокеј.

Глумицата изјавила дека совршено функционираат и без брак и дека е многу среќна и многу е сакана.

goldi houn i kejt hadson

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top