Фотографијата на која Кејт Хадсон (36) е целосно гола, крена многу прашина во јавноста, но иако актерката тврдеше дека таа е направена спонтано, зад неа се крие вистински љубовен триаголник, тврдат американските медиуми.
Фотографијата е направена пред два месеца, во време кога Хадсон ја прекина врската со младиот музичар Ник Џонас (23) од познатите „Џонас брадерс“, со кого постојано раскинуваше и се помируваше.
Џонас е забележан како поминува сѐ повеќе време со актерката Лили Колинс, ќерка на легендарниот Фил Колинс, а наводно со голиот задник, Хадсон сакала да му покаже што пропушта и што може да изгуби.
И покрај тоа, Лили и Ник неодамна отпатувале на заедничко патување и веќе неколку недели и официјално се заедно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.