Албанскиот премиер Еди Рама ќе пристигне утре во историска посета на Белград, прва на албански премиер во изминатите 68 години.
Рама ја одложи за три недели посетата што беше планирана за 22 октомври поради сериозен инцидент на фудбалски натпревар во Белград на 14 октомври меѓу репрезентациите на Србија и на Албанија.
– Белград ќе има средба со Рама со надеж дека посетата ќе биде повод за „отворени разговори“ што ќе дадат можност да се „сврти страницата“ – наведува за западни медиуми српски извор близок до Владата.
– Очекуваме ново поглавје во односите меѓу Србија и Албанија со заедничка цел зачувување на стабилноста на Балканот – додава тој.
Тирана од своја страна, сака да не продолжува политиката која држи во заложништво и надминување на тензиите по инцидентот како и стабилност на Балканот.
– Време е за нова страница, да не влеземе во раце на политика која долго време не држеше како заложници – изјави Рама неколку дена пред посетата во Белград.
– Интересот на нашите држави е одиме напред. Европа е наша заедничка цел, ние сакаме да сме дел од европското семејство – тврди Рама.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во галеријата на Куќата на Ѓура Јакшиќ во Белград отворена изложба на теракотните икони од Виница
-
Рама гаѓан со чевел: Го нападнале демонстранти, полицијата спречила поголем инцидент (Видео)
-
Трагедија во Белград: Трамвај излета од шини, еден загинат
-
Рама до полицијата: Политиката оставете ми ја на мене, вие бидете ефикасни