По повод 20 годишнината од дипломатските односи помеѓу Република Македонија и Царството Јапонија, во Токио, во „Асакуса паблик хол“ (Аsakusa Publick Hal), кој има капацитет од 1800 седишта, се одржа целовечерен концерт во два дела.
Во првиот дел беше изведена македонско-јапонска суита за тенор и оркестар од Алесандро Д‘агостини, каде како солист настапи Благој Нацоски, а диригент Борјан Цанев.
Во вториот дел беше изведена познатата 9-та симфонија на Бетовен, исто така под диригенство на Борјан Цанев, а како солисти настапија: Славица Петровска-Галиќ, Ирена Кавкалеска, Ѓорѓи Цуцкоски и Игор Дурловски.
Нашите уметници беа придружувани од „Вагнер сосајати оркестра“ (Wagner Society Orchestra) и „Јапонско-македонскиот хор на пријателство“ (Japan-Macedonia Friendship Memorial Chorus).
-Ова се значајни настани за нас. Преку ваквите настапи се промовира не само македонската култура, туку и Република Македонија воопшто, на светската културна мапа. Благодарение на Министерството за култура, Македонската опера и балет во последниве неколку сезони остварува значајни проекти не само на матичната сцена, туку и претставувања на куќата надвор од Република Македонија, велат од Македонската опера.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.