Поранешниот советски лидер Михаил Горбачов денеска изјави дека напнатоста меѓу големите сили го доведоа „светот на работ на нова студена војна“.
На прославата по повод 25 годишнината од падот на Берлинскиот ѕид, Горбачов го обвини Западот, особено САД дека по распадот на комунистичкиот блок се препуштиле на триумфализмот, пренесува АП.
Екс-советскиот лидер го повика Западот на градење на нова доверба, која што ќе се води низ дијалог со Москва.
Поради кризата во Украина, Горбачов уште потенцира дека треба да се укинат санкциите што се воведени против руските официјални лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.