| четврток, 6 декември 2018 |

Бесплатни вакцини против грип за болните од цистична фиброза

vakcina

За 127 пациенти со цистична фиброза во Македонија e обезбедна бесплатна имунизација против грип. Оваа препорака доаѓа од Министерството за здравство кои веќе го известиле здружението за цистична фиброза.

Од болните четворица се возрасни а останатите се деца. Заштитата од вирусот на грип кај нив е неопходна бидејќи болеста која е мултисистемска, напаѓа повеќе органи меѓу кои и белите дробови. Во тој случај може да дојде до пневмонија. За да бидат заштитени, секоја година епидемиолозите препорачуваат дека покрај трудници, стари лица и деца со намален имунитет, вакцина против грип треба да примат и болните со цистична фиброза. Вакцината можат да ја добијат во центрите за јавно здравје во државата.

Македонија годинава набави 30 000 вакцини против грип. Последните информации говорат дека вакцините се речиси потрошени и во многу градови имунизацијата заврши уште минатата недела. Токму затоа повикот до болните со цистична фиброза да побрзаат за да ја добијат неопходната вакцина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top