
Откако вера околу 23 часот на улицата „Стив Наумов“ во Скопје две непознати лица со огнено оружје пукале во полициски службеник, полицаецот е пуштен на домашно лекување. Тој во моментот на настанот не бил на работа ниту пак во полициска униформа. Се здобил со прострелна рака во пределот на левото рамо, по укажана лекарска помош во Ургентен Центар Скопје бил пуштен на на домашно лекување.
На местото на настанот извршен е увид при што е пронајдена една чаура која е подигната за вештачење. Од МВР додаваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и утврдување на мотивите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


