| четврток, 6 декември 2018 |

Селото Мал Берлин се сеќава како падна неговиот ѕид

berlinski zid 25

Снегот паѓа додека возбудена маса народ минува низ ѕидот и луѓето во солзи си ги гушкаат блиските по децении раздвоен живот.

Сцените кои ги раскажуваме не потсетуваат не на сегашниот главен град на Германија и трајниот симбол на поделбата од Студената војна, туку на малото и тивко планинско село Моедлареут.

Ова рурално село со околу 50 жители, лоцирано на граница меѓу германските држави Турингија и Баварија, сега ја слави 25-годишнината од уривањето на внатрегерманската граница.

Всушност, Моедлареут живее чуден живот уште од 19-иот век, заради својата локација.

Како населба, таму има поделено училиште, поделена пожарна станица и поделен мотел, а луѓето заедно ги славеле празниците, но селото било административно поделено помеѓу двете држави со различни поштенски и телефонски броеви.

Локалните луѓе од двете страни дури користат и различни поздрави, а туринжианите вообичаено велат „Гутен таг“ (добар ден), а баварците ја користат јужњачката варијанта „Греус Гот“ (Боже Велики).

Во 1949, тукашната географска граница – мал поток кој минува низ центарот на селото – стана голем политички залив, додека поствоена Германија беше делена на запдната Федерална република Германија и на комунистичката Германска демократска република.

berlinski zid 19

Во првите години по поделбата, на селаните им било дозвлено да минуваат на двете страни од малиот воден тек. Но во 1952 година, ГДР ставила дрвена ограда низ срцето на Моедлареут.

Потоа во 1996 година, дрвената ограда била земенета со бетонски ѕид три метри висок, и опремен со набљудувачница и чувари преку ден и ноќ.

Од другата страна имало редови од бодликава жица, кои формирале ничија земја долж непробивливата нова граница.

Како и кај сите поделени држави, на некои семејства им било одземено се, а други биле раздвоени.

– Преку ноќ децата од баварската страна повеќе не можеа да одат во училиштето кое беше во Турингија, фармерите не можеа да достапат до своите земји, заедницата беше разнебитена, вели Роберт Лебегерн, директор на локалниот Германско-германски музеј кој бил основан во 1990 година, годината кога државата се обединила.

– Отпрвин ги поздравуваме луѓето од другата страна на ѕидот, но тие не ни возвраќаа. Дури подоцна дознавме дека не им било дозволено да ни одмавнуваат, се сеќава Карин Мергнер, фармер која дошла во Моедлареут во 1966 година следејќи го својот сопруг.

Нејзината фарма е лоцирана на западната страна, одалечена само 100 метри од ѕидот на локацијата која е сега внатрешен ѕид од музејот, споменик кој годишно привлекува по 70 илјади посетители.

Околината која некогаш била дел од Железната завеса помеѓу западот и Советскиот блок останала истатаква се до 9 декември 1989 година, со што на селото му го дале називот „Мал Берлин“.

Иако граѓаните на ГДР не можеле да патуваат во Западна Германија, освен пензионерите и луѓе со специјални визи, селаните се обидувале да останат во контакт и гледале преку бариерата од блискиот рид.

– Кога на јажињата ќе видевме истакната сина бебешка облека, знаевме дека се родило машко дете, и така луѓето дознаваа што се случува од другата страна, вели Арнолд Фридрих, кој во 80-ите и 90-ите бил градоначелник на баварската страна.

На граѓаните од Западна Германија им било дозволено одвреме навреме – но под строги правила – да ја посетуваат ГДР и понекогаш Мергнер патувал на исток да однесе банани и кафе кои биле ретки задоволства за неговите соседи.

За да се стигне до другата страна од селото, одалечено само неколку улици, таа требало да патува два часа со автомобил и да мине низ комплицирани и затворени граници и полициски проверки на патот.

– Мислев дека нема да доживеам да видам дека ѕидот ќе падне, рече Мергнер која сега има 60 години, за АФП.

Кога на телевизијата видела као ѕидот во Берлин бил отворен на 9 ноемрви, нејзините надежи пораснале дека еден ден тоа ќе се случи и во нејзиното село, но требало да минат уште четири недели додека историјата не ја избришала и оваа омразена бариера во Моедлареут.

– Сите се гушкавме и заедно пиевме шампањско… беше фантастично, се сеќава таа.

Поранешниот градоначелник Фридерих низ созли се сеќава како „секогаш велев дека еден ден сакам да се напијам пиво од другата страна од ѕидот“.

– На 9 ноември, тоа стана реалност, рече тој. „Чувсвтото на заедница кое постоеше пред ѕидот сеуште постоеше кај луѓето. Луѓето си паѓаа едни на други во прегратки, како селото никогаш и да не беше разделено“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top