Русин и член на талибанците во вторникот првпат се појави пред федералниот суд со што првпат еден воен затвореник од Авганистан е изнесен пред американски суд.
Појавувањето на Ирек Хамидулин пред американскиот судија магистрат Давид Новак во Вирџинија е резултат на последниот обид на админстрацијата на Обама да покаже дека може да го користи криминалниот судски систем за справување со осомничени за тероризам. Обвинувањата за 12 дела за тероризам беа изречени во петокот утрината пред американскиот обласен судија Хенри Хадсон, поранешен федерален обвинител.
Американски високи претставници велат дека Хамидулин е руски ветеран од советската војна во Авганистан, кој останал во земјата и им се приклучил на талибанците. Тој бил заробен во 2009 по напад врз авгаинстанска гранична полиција и американски војници во провинцијата Кост. Бил држен во американскиот истражен затвор Парван на аеродромот во Баграм пред да биде доведен во САД.
Портпаролот на Националниот совет за безбедност, Мернадет Михан, рече дека одлуката за негово пренесување била донесена согласно со согласноста од страна на САД дека ќе ги предаде сите затвори во Авганистан на авганистанската влада до 2015 година. До минатиот месец, во Парван биле притворени 13 неавганистанци. Администрацијата на Обама се соочува со притосок да ги пренесе тие затвореници пред декември, кога завршува борбената мисија на Нато предводена од САД.
Многу републикански законодавци веруваат дека војните затвореници треба да бидат судени само во воени судови, и дека нивното судење пред цивилни судови го подрива впечатокот дека САД се во војна со Ал Каеда и со други екстремисти.
Но адмиинстрацијата на Обама е цврста да им се суди на осомничените за тероризам во федералните судови секогаш кога е тоа можно. Врховниот обвинител Ерик Холдер рече дека таму ќе добија побрза пресуда.
Помеѓу обвинувањата со кои се соочува Хамидулин во обвинението кое беше објавено во вторникот, се обезбедување на материјална поткрепа на терористи, конспирација и обид да се уништи авион на американските воздушни сили, и конспирација да користи оружје за масовно уништување. Обвинеиието за „масовно уништување“ може да му донесе можна смртна казна, но помошникот државен обвинител Џејмс Гилис рече дека врховниот обвинител не бара смртна казна заради недоволно отежнувачки фактори.
Некои од обвинеиијата се казнуваат со доживотен затвор.
Хамидулин, врзан и под силно обезбедување од федерални агенти, малку зборуваше за време на првото појавување каде Новак го советуваше за неговите права и го праша дали обвинетиот ги разбира обвиненијата. Федералниот јавен бранител Роберт Вагнер и адвокатот Клер Кардвел беа назначени да го застапуваат.
Според обвинеиието на 19 страници, Хамидулин бил офицер и командант на тенк во руската војска во 80-ите, и бил обучен да користи оружје како противавионски митралези и рачни ракетни фрлачи. Тој се поврзал со талибанците во 2001 година.
Во обвиненето стои дека Хамидулин командувал со три групи на бунтовници кои ја нападнале авганистанската гранична полиција во кампот Лејза, една од шесте локации кои талибанците ги идентификувале како можни цели. Тој ги упатил бунтовниците вооружени со противавионски митралези да пукаат врз американски воени хеликоптери кои одговориле на нападот, стои во обвинението, а подоцна користел автоматска пушка да пука врз американски војници и авганистански гранични полицајци кои ја проценувале штетата на местото на инцидентот.
Помошникот врховен обвинител, Џон Карлин, шеф на Одделот на национална безбедност во министерството за правда, рече дека случајот е потсетник за заканите со кои се соочувале членовите на американската војска во странство и „ја истакнува нашата заложба да ги користиме сите средства за да ги пронајдеме и фатиме сите кои одговорни терористи каде и да операираат низ светот“.
Џошуа Стјув, портпарол во канцеларијата на Државниот обвинител за Источната област на Вирџинија, рече дека „Хамидулин бил хумано третиран и имал пристап до медицинска нега, остварување на неговите кутурни потреби и негов личен застапник“ кога био држен како заробеник во Авганистан.
Обвинителите во Источната област на Вирџинија имаат искуство со големи терористички слчаи, вклучувајќи го и Закаријас Мусауи, главниот конспиратор на нападот од 11 септенври 2001, кој сега отслужува доживотна казна затвор без можност за помилување откако беше прогласен за виновен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.