| четврток, 6 декември 2018 |

Српски министер: Ослободувањето на Шешељ е обид за дестабилизирање на српската влада

Министерот за труд, ветерани и социјална политика во српската влада, Александар Вулин, денеска оцени дека пуштањето на слобода на лидерот на радикалите Војислав Шешељ е политичка порака на Хашкиот трибунал и обид за дестабилизирање на Србија, пишува весникот „Данас“.

Според Вулин, ослободувањето на Шешељ е обид за дестабилизирање на српската влада и заплашување на нејзиниот премиер Александар Вучиќ.

Тој истакна дека Трибуналот имал  цел да го натера Вучиќ да се откаже од политиката на истовремена соработка и со Русија и со ЕУ.

Вулин додаде дека Западот и претходно го уценувал Вучиќ дека доколку не се откаже од таквата политика, ќе ја дестабилизира Србија, нагласувајќи дека Западот не треба да му се заканува на премиерот бидејќи тој нема да ја промени својата политика.

– Не може да се дестабилизира една земја кога таа има силна Влада и таа функционира – изјави Вулин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top