| четврток, 6 декември 2018 |

Кризата им ги секна узото и ракијата на Грците

узо

Конзумирањето алкохол во Грција по баровите и рестораните е намалено поради сегашната рецесија, како и поради високиот данок на алкохолните пијалоци, покажа истражувањето на „Инфобанк Халестат“.

Вкупната потрошувачка на алкохолни пијалоци е намалена од 226.000 хектолитри во 2008 година на 120.000 хетолитри во однос на 2013 година, што претставува намалување за 45 проценти.

Падот на потрошувачка на алкохолни пијалоци во 2014 година, се оценува како помал во споредба со минатите години.

Најголеми загуби се регистрирани во потрошувачката на виски, како и на традиционалниот грчки пијалок узото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top