| четврток, 6 декември 2018 |

Тестирајќи се за дрога, дознал дека е „труден“

египет каиро

Возач на автобус од Египет, кој бил избран меѓу вработените од јавниот превоз за стандарден тест на дрога, се обидел да мами на тестот, така што наместо својот, го подметнал примерокот од урината на својата сопруга.

Она што не го знаел е дека сопругата веќе два месеци му е трудна. Пред да му ја откријат новоста, властите побарале да потврди дали примеркот од урината е навистина негов. Откако им потврдил, еден од службениците му ја соопштил радосната вест: „Честитам, трудни сте“, му рекол на египетскиот возач.

Египетските власти сметаат дека ова, сепак, е поучна приказна, од која може да се извлече добра леција. Дрогата во земјата станала достапна на сите, како цигарите, па во иднина властите ќе бараат крвни анализи со цел да се спречи луѓето да носат лажни примероци од урина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top