Доколку се вртите и замислено ја гледате секоја вљубена двојка која поминува покрај вас и ве иритираат оние што си рзаменуваат нежност на јавно место, време е да сфатите дека и самотијата има добри страни.
Позгодни и позатегнати сте кога сте сами. Немате партнер со кој ќе се галите во кревет, па затоа вежбате, трчате, шетате. Истражувањата покажале дека среќно венчаните двојки значително добиваат на тежина во првите четири години од бракот, додека помалку задоволните се трудат да го одржат телото во кондиција и така да го задржат партнерот.
Поголема е веројатноста да добиете унапредување на работа доколку сте соло. Недостатокот на семејните обврски ви овозможува да се посветите на работата и да останувате и подоцна во канцеларијата, а се фокусирате и на решавањето на проблеми. Затоа вредно работите додека сте самец, а кога ќе запознаете некој, можеби ќе си дадете малку одмор од работните задачи.
Најдобро од сѐ е што можете да ги оставите чорапите каде што сакате, штицата од шолјата ќе ја оставате крената, ќе си го оставите креветот ненаместен, ќе си гледате на телевизија вие што сакате, ќе си го исполните времето со читање на некоја добра книга или ќе одите на час по салса.
Уште една предност кога немате партнер е што со своите заработени пари можете да правите што сакате. Да частите во кафеана, да си ги таложите во банка или да си купите чевли што си ги сакате. Сѐ додека не запливате во брачните води, никому не мора да му се правдате како ги трошите парите.
Ќе бидете помалку уморни за разлика од тие што се во врска затоа што нема кој да ве разбуди со превртувањето во креветот, со кашлање. Дополнително самците уживаат во дружењето со пријателите. Нивните различни карактери ги задоволуваат сите ваши потреби, па така да со некој може да играте фудбал, со друг да излегувате по барови, со трет да одите на пазарење. Така што, самци не очајувајте и уживајте во својата самотија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.