Пејачот Марк Ентони ѝ предложил брак на венецуелската манекенка Шенон де Лима. Претходно, оваа година 46-годишниот Ентони ја обновил прекинатата врска со 26-годишната убавица, која прво почнала во јануари 2012 година, шест месеци по неговата разделбата со Џенифер Лопез. Марк Ентони и Џеј Ло го официјализираа разводот во јуни оваа година.
Ентони поднесе барање за раскинување на нивниот бракот во април 2012 година откако се раздели со неговата сопруга уште во текот на летото на 2011 година.
Пејачот веќе е подготвен за трет брак и без многу врева ѝ предложил на Шенон де Лима да му биде сопруга.
Освен со Џенифер Лопез, Марк Ентони има зад себе уште еден пропаднат брак, со поранешната Мис на универзум, Дајанара Торес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.