Активисти и институции на Обединетите нации ги повикаа земјите-членки на Светската организација да преземат мерки против детските бракови, со оглед на тоа дека секоја година во светот се склучуваат повеќе од 14 милиони бракови меѓу деца, кои, како што напоменуваат, им нанесуваат емоционални, физички и социјални штети на девојчињата.
Во рамки на едномесечната дискусија во седиштето на ОН за проблемите на жените, експертите предупредија дека девојчињата што стапуваат во брак пред 18-годишна возраст често се лишени од образованието и се изложени на ризици, како што се сексуално злоупотребување и смрт поради прерано раѓање деца.
Во повеќето случаи, нагласија експертите, девојчињата се принудувани да склучат брак со повозрасни мажи заради пари и почнуваат да водат сексуален живот и да раѓаат на рана возраст.
Според оценките на ОН, главна причина за смртноста на девојчињата меѓу 15 и 19 години во земјите во развој се компликации за време на бременоста и раѓањето.
Според Фондот за население на ОН, земјите од супсахарска Африка и Јужна Азија имаат највисоко ниво на детски бракови. Мишел Бачелет, извршен директор на ОН Жени, тело на ОН за рамноправност меѓу половите и овластувањата на жените, ги означи раните бракови како форма на сексуално насилство, кое ги изолира девојчињата од нивните врсници и ги прекинува нивните социјални врски, со што тие стануват поранливи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нобеловата награда за мир ќе остане во рацете на Аунг Сан Си Чи, нема да и се одземе и покрај извештајот на ОН
-
ОН повика да се поднесуваат пријави за кршење на човековите права во Македонија
-
Советот за безбедност при ОН усвои резолуција за 30-дневно примирје во Сирија
-
Вонредна седница на Советот за безбедност на ОН за Ерусалим


