Во Косово е уапсена организирана криминална група, составена од 10 косовски Албанци и еден Србин, под сомнеж дека учествувале во илегална трговија на имигранти во земјите-членки на ЕУ.
Операцијата е извршена од косовската полиција во соработка со полициите на Унгарија, Швајцарија, Австрија, Германија и на Франција.
Членовите на групата ги користеле патиштата преку Косово и Србија и ги пренесувале имигрантите до Унгарија, а оттаму во други држави од ЕУ. За услугата криминалците добивале меѓу 1.800 и 3.500 евра, во зависност од крајната дестинација.
За време на истрагата е утврдено дека групата измамила повеќе од 100 лица од сите делови на Косово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.