Австралиската компанија „Срч Фактори“ спровела една многу интересно истражувањето поврзано со користењето на најпопуларниот интернет пребарувач Гугл.
Користејќи ја алатката „Кејворд планер“ екипата од „Срч Фактори“ дошла до многу интересни сознанија.
Секој месец ширум светот во просек по 1000 пати се „гугла“ прашањето „Како да се сокрие тело?“, а 1900 пати месечно во просек се поставува прашање „Како да се пројде неказнето во случај на убиство?“.
Бројни корисници на Гугл ги интересира дали Лејди Гага е маж (18.100 пребарувања месечно) и како оваа поп ѕвезда изгледа гола (135.000 пребарувања месечно).
„Како да се впуштам во вонбрачна афера“? ги интересира 5.400 личности месечно, иако за ова пребарување можно е да има дел оние кои претходно за тоа пребаруваа „Зошто се оженив?“ за кое што пребарување има околу 40.000 корисници.
Оние кои што се незадоволни од работата, дури 22.000 пати месечно гуглаат „Ја мрзам мојата работа“, а оние оптимистите пребаруваат околу 40.000 пати месечно „Како да добијам на лото“?
Интересно е исто така како Гугл околу илјада пати месечно го одработува прашањето „Како се користи Гугл?“.
60.000 пари се појавува прашањето „Дали Дедо Мраз е вистински?“, а 18.000 пати „Зошто машките имаат брадавици?“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.