| четврток, 6 декември 2018 |

Антиќ со седум поени во поразот од Сан Антонио, Кливленд повторно загуби

Минатата ноќ во НБА лигата беа одиграни 12 натпревари, а екипата на Кливленд која пред стартот на сезоната важеше како еден од главните фаворити, од четири меча запиша три пораза.

Кошаркарите од Охајо повторно загубија, овој пат од Јута Џез со резултат 100-102. Леброн, Ирвинг и Лав заедно уфрлија 79 поени, меѓутоа тоа не беше доволно за победа на Кливленд. Од друга страна најдобар беше Гордон Хејворд со 21 поен, 7 асистенции и 4 скока.

Перо Антиќ одигра солидни 16 минути за Атланта која не успеа да стигне до изненадување против Сан Антонио на синоќешниот дуел од НБА лигата. Спарс во поседните секунди од натпреварот дојде до победа со резултат 94-92. Антиќ за нецели 16 минути на паркетот заврши со седум поени и сето тоа дополнето со три скока. Најдобар, пак, кај Сан Антониот беше Тим Данкан со 17 поени и 13 скока, а исто толку поени имаше и Тони Паркер.

Екипата на Шарлот која на претходните 19 натпревари нема победено против Мајами Хит, синоќа благодарение на Ал Џеферсон кој постигна 28 поени, дојдоа до долго посакуваната победа со резултат 96-89.

Двејн Вејд и Крис Бош продолжија со добрата игра, Вејд уфрли 25 поени и 7 асистенции, а Бош натпреварот го заврши со дабл-дабл учинок со 23 поени и 13 скока.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Шарлот – Мајами 96-89, Филаделфија – Орландо 89-91, Бостон – Торонто 107-110, Бруклин – Минесота 91-98, Детроит – Њујорк 98-95, Милвоки – Чикаго 86-95, Вашингтон – Индијана 96-94, Сан Антонио – Атланта 94-92, Феникс – Мемфис 91-102, Јута – Кливленд 102-100, Сакраменто – Денвер 131-109, Голден Стејт – ЛА Клиперс 121-104

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top