
Во Словенија е прогласен жолт аларм поради поројни дождови, кои во текот на ноќта ја погодија земјата и кои, според најавите на метеоролозите, ќе продолжат и следните денови.
Метеоролозите прогнозираат дека денеска ќе биде прогласен највисок степен на опасност од поплави, односно црвен аларм.
Се прогнозира дела следните часови и денови ќе наврнат над сто литри дожд на квадратен метар во целата земја.
Словенија минатиот месец беше погодена од поплави, кои го засегнаа и главниот град Љубљана
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


